Пилешка супа со праз
Состојки
- Состојки
- 400 гр пилешко месо (копан со надкопан)
- 3 страка праз(30 см)
- 200 гр тиква
- 200 гр моркови
- 2 млади кромидчиња
- 50 гр фиде или некоја друга ситна тестенина
- Потребно е уште зачин од сушен зеленчук, црн бибер и зејтин
Подготовка
Пилешкава супа со праз е одлична за овој период од годината.
1. Исчистеното и измиено месо се става во 2,5 литри вода и се става на оган да врие.
2.После половина час откако почнала да врие супата, се додава празот, тиквата и морковите ,исечени на крупно.Се посолува со зачин од сушен зеленчук. Се остава да врие уште половина час.
3.Се трга од оганот, се вади месото од течноста, се чисти од коските и се ситни на помали парчиња. Течноста се процедува, а празот, тиквата и морковите со малку течност се блендира во каша.
4. На малку зејтин се запржуваат ситно исечените млади кромидчиња. Се додава на зејтинот изблендираната каша, месото и се долева со бистрата супа. Кога ќе зоврие ,се додава фидето и малку црн пипер и се остава да поврие пет минути. Супата е готова и може топла да се служи како предјадење или самостоен ручек.