Испечати

Брза, мека погача, без месење

Брза, мека погача, без месење

Состојки

  • 2 јајца
  • 1 лажиче сол
  • 230 гр брашно
  • 1 лажиче пециво
  • 200 мл јогурт
  • 120 мл масло
  • 100 гр урда
  • Сусам и буковец за одозгора

Подготовка

За сите љубители на домашна храна, за оние кои не се љубители да месат, да сукаат... Ви требаат само 5 минути за подготовка. Погачката е многу мека и вкусна. Количината е мала, печев во најмала ростер тава, или може во округла тава бр. 20. Ако ви треба поголема количина,дуплирајте ги состојките и печете во тава бр 24 или во поголема правоаголна тава.

1. Во сад ставаме 1 цело јајце и 1 белка. Додаваме сол и матиме додека смесата не побели. Со исклучен миксер ги додаваме течните состојки, маслото и јогуртот. Додаваме просеано брашно и пециво. Лесно, со шпатула ги соединуваме сите состојки.
2. Смесата ја истураме во калап кој е обложен со хартија за печење или е намастен и набрашнет.
Одозгора со лажиче расфрламе од урдата, премачкуваме со жолчката, наросуваме буковец и сусам.
3. Печиме во загреана рерна околу 30 минути.
Погачката ја вадиме од тавата, ја оставаме малку на решетка да се излади, па ја послужуваме со јогурт.