Испечати

Динстано телешко месо со печурки и варен зеленчук

Динстано телешко месо со печурки и варен зеленчук

Состојки

  • 500 гр телешко месо
  • 1 главица кромид
  • 4 лажици масло
  • 1 л вода
  • сол, црн бибер по вкус
  • 200 гр печурки
  • 100 гр брокула
  • 100 гр карфиол
  • 100 гр морков

Подготовка

Подготовка

1. Месото исечете го на коцки, кромидот исецкајте го на сецко, па ставете ги со маслото во длабока тава за динстање, прво пржите околу 10 мин, а потоа додадете врела вода и една коцка за супа. Варете околу еден час, а потоа додадете ги печурките и варете уште еден час. Додадете сол и зачини по вкус

2. Во сад со вода на оган сварете го исецканиот зеленчук, па сервирајте го во чинија заедно со месото.

На здравје