Испечати

Солен ролат со вкус на пица

Солен ролат со вкус на пица

Состојки

  • 5 гр сув квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 10 лажици брашно
  • 250 мл млако млеко
  • 100 мл топла вода
  • до 650 гр брашно
  • За фил
  • неколку лажици кечап
  • 300 гр урда
  • 300 гр чајна салама
  • оригано по вкус

Подготовка

Пица вкус во ролат...

Подготовка
1. Ги соединуваме сите состојки освен поголемата количина брашно.
2. Оставаме околу 10 минути да одмори и да се активира квасецот.
3. Додека матиме со миксер додаваме постепено брашно и формираме топка од лепливо средно меко тесто.
4. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
5. Потоа го размесуваме, го делиме на три дела и секој дел го расукуваме во правоаголна форма.
6. Премачкуваме кечап на тестото и распоредуваме урда и чајна, па наросуваме со оригано.
7. Го виткаме во ролат и постапката ја повторуваме со останатите два дела.
8. Ја вклучуваме рерната да се загрее на 200 степени.
9. Секој ролат го премачкуваме со разматени жолчки и ставаме по должината на ролатот парчиња путер. Ова го правиме пред самото печење.
10. Откако рерната ќе се загрее ги печеме додека да поцрвенат или околу 25 минути.