Испечати

Чоколадна салама

Чоколадна салама

Состојки

  • 100гр чоколадо- 50 гр млечно, 50 гр црно чоколадо
  • 2 лажици млеко
  • 40 гр путер
  • 1 лажица шеќер
  • 50 гр мелен лешник
  • 115 гр ресана со вкус на лимон
  • Бело чоколадо за декорација, трошки

Подготовка

1. Во мал сад на тивок оган оставаме да се соединат млекото, чоколадото, шеќерот, путерот. Кога смесата е изедначена тргаме од оган и додаваме мелени лешници(тостирани) и сецкани ресана кекси. Убаво со лажица ја соединуваме смесата.

2. Смесата ја поставуваме на прозирна фолија и формираме ролат. Го остаавме ролатот во фрижидер да се стегне. Потоа ја отстрануваме фолијата и ролатот го прекриваме со растопено бело чоколадо.
Посипуваме со трошки.

Сечеме на парчиња и послужуваме.