Карамелизирани бадеми

Состојки
- 50 мл вода
 - 60 гр шеќер
 - 1 ванилен шеќер
 - ½ лажиче цимет
 - 100 гр бадеми
 
Подготовка
1. Во подлабоко и широко тавче на оган ги ставаме водата, шеќерот, ванилиниот шеќер и циметот. Ринглата ја пуштам на 5ка од 6 , мешаме додека да зоврие смесата. Ја намалувам на 4ка и откако ќе проврие 1-2 минути ги додаваме бадемите, постојано мешаме со дрвена лажица додека шеќерот не се налепи на бадемите и течноста не изврие.
 2. Тавчето го тргаме од оган и бадемите ги распределуваме на хартија за печење разделувајќи ги.
Оставаме да се изладат.