Солени колачиња со кашкавал - кашкавалки
Состојки
- 250 гр кисело млеко
- 1 пакетче прашок за пециво
- 1 лажиче сол
- 200 гр рендан кашкавал
- 250 - 300 гр брашно
- За премачкување
- 1 јајце
- сусам, лен, афион, чурек
Подготовка
Брзи и вкусни грицки.
1, Од наведените состојки се меси глатко тесто, при што брашното се додава постепено додека се засити тестото. Јас наместо кисело млеко во овие ставив кисела павлака, можеби спрема густината затоа е и варијацијата на брашно.
2. Тестото се расукува на набрашнета работна површина и со калапче се вадат форми кои се редат на намрсен плех и се печат во загреана рерна од 190С додека подотемнат одозгора малку.