Колач со лимон и портокал
Состојки
- 200 гр омекнат путер
- 150 гр шеќер
- 1 ванила
- 1 прстофат сол
- 3 јајца
- 250 гр брашно
- 2 лажички прашок за печиво
- 1 лимон
- 1 портокал
- шеќер во прав
Подготовка
1. Путерот со миксер го матиме со шеќерот и ванилата, па додаваме прстофат сол. Се додаваат јајцата едно по едно и се убаво се мати. Потоа се додава брашното со печивото, се меша и се додава сокот од еден лимон.
2. Колачот се пече во долго тавче(20 на 30 цм) на 200 степени околу 20 минути(проверете со чепкалка).
Печениот колач топол се прелева со сок од еден портокал. Кога ќе олади се наросува со шеќер во прав и се декорира со рендана кора од еден портокал и лимон.
На здравје!