Испечати

Макало од суви пиперки, праз и лук

Макало од суви пиперки, праз и лук

Состојки

  • 4 поголеми суви пиперки
  • 3-4 чешниња сецкан лук
  • 1 тенок страк праз
  • 1 мала чаша врела вода
  • 3 лажици маслиново масло
  • 3 лажици оцет
  • сол по вкус
  • сецкан магдонос по желба

Подготовка

Макалово е ем здраво ем превкусно. Одлично оди со скара, а може и така да си се замакате со пресно лепче и да си правите мх мх мх. Може да користите и лути пиперки, јас не сум по лутото многу и затоа го направив како за мене.

Подготовка

Прво малку потпечете ги пиперките на рингла или скара, а потоа исечкајте ги што е можно потенко заедно со семето.
Додадете го исечканиот лук и празот.
Додадете ја зовриената вода и оставете да се излади.
Додадете сол, масло и оцет.
Ако сакате, може да се додаде и магдонос.

На здравје.