Збогатена супа од кесичка
Состојки
- 1 говедска супа, кесичка
- 1 морков
- 3- 4 поголеми шампињони
- 7-8 цм страк праз
- Вода, околу 1,2л
- Масло,сол,бибер
- зачинување
- 1 јајце
- 2лажици кисело млеко
- 1лажица сок од лимон
- магдонос
Подготовка
1. Во тенџере ставаме масло, рендан морков, ситно сецкан праз и сецкани шампињони. Пропржуваме 2- 3 минути, потоа налеваме вода..Од кога ќе почне да врие ја додаваме содржината од кесичката и вариме 5 до 7 минути.
2. Во еден сад ги соединуваме киселото млеко, сокот од лимон, јајцето и магдоносот. Сега во овој сад ставаме еден кутлач и мешаме, не смее јајцето да ни се подвари. Цела содржина, постепено, со мешање ја ставаме во тенџерето.
Сервираме вкусна чорба.