Бурек питулици со готови кори
Состојки
- 10 на број. кори за пита
- 600 гр. свежо сирење
- 200 гр, кисела павлака
- 2 јајца + 1 за премачкување
- на вкус сол
- според потребата масло
- според потребата сусам за посипување
Подготовка
1. Измешајте во свежото сирење јајцата, киселата павлака, посолете на вкус. Поделете го на четири еднакви дела.
2. Земете една кора, покапете со лажица масло- врз неа ставете друга кора, премачкајте со 1/4 од филот, ставете врз неа третата кора која ке ја попрскате исто така со масло, врз неа четвртата кора која ке ја премачкате со другата 1/4 од филот, покријте со петата кора - попрскајте ја и неа со масло и замотајте во ролат. Јас ги мотам корите од кај тесната страна- вие како сакате. Тргнете настрана. Направете го вториот ролат од кори постапувајки и со нив исто како предходно.
3. Ставете ги во фрижидер за далабоко замрзнување нека поседат таму ролатите најмалку 30-40 мин., ивадете - исечете ги на парчиња од 1 до 2 см. ширина. Ако ви се потребни веднаш да ги печете, наредете ги во тавка покрена со хартија за печење и тоа со исечената страна нагоре, премачкајте ги со мешавината од јајцето и киселата павлака , посипете со сусам, печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени.
Овој рецепт е многу благодарен... Може откако ги исечете питулиците да ги наредите во тавката, вратете во фрижидерот, кога ке ви затреба само извадете ја тавата, ќе почеката да се одмрзнат - премачкајте со јајцето и павлаката, посипете со сусам и печете.
Од овие питулички најчесто имам во фрижидерот за ненадејни гости или да не се чудам некогаш што да им спремам на дечките за доручек... затоа правам со многупати дуплирани состојки, ги оставам само малку да замрзнат за да се сечат подобро и без проблем, потоа пак ги вракам во тавите до потполно замрзнување, а со цел да не ми стојат тавите во фрижидерот едноставно ги собирам во кеси, вакумирам и вадам од нив кога и да ми притреба. Тоа ви е совет од мене.
- Друга варијанта на сето ова е кога во филот додавам изрендана и добро истискана од водата која ја испушта самата тиквичка. Доколку сакате вие можете секоја исечена питуличка да ја ставите во модлите за мафини.. така ке ви бидат еднакви и лични. Да не заборавам да кажам дека некојпат ги сечам во ширина повеке од 2 см.
Да ви е слатко,