Освежителен Хајдари сос (прелив)
Состојки
- 500 гр добро исцедено кисело млеко
- 50 гр ситно, младо сирење
- 1 лажиче нане- суво
- 1 чешне лук
- 4 лажици маслиново масло
- мелен орев, сол
Подготовка
Јас правев од половина количина на состојки. Го послужи со плескавици од просо. Одлична комбинација беше. Но, одлично одговара и со печено месо.
1. Во цедалка го ставаме киселото млеко. Нека стои така 1 час. Потоа го ставаме во сад, додаваме сирење, пасирано чешне лук, нане, сол, маслиново масло.
2. Промешуваме, сервираме во сад за послужување Најгоре ставаме мелен орев и малку маслиново масло