Испечати

Салата со праз

Салата со праз

Состојки

  • 1/2 страк праз
  • 70 гр салама
  • 4 кисели краставички
  • 50 гр бело сирење
  • 7 лажици потпечен сусам
  • 3 лажици пченка
  • 7 лажици павлака
  • 1 лажиче сенф
  • 2 лажици течност од киселите краставички
  • 1/2 лажиче сол

Подготовка

1. Празот го чистиме и ситно го сецкаме. Саламата и киселите краставички ги сецкаме на мали коцки. Сирењето го дробиме со виљушка.

2. Во длабок сад ги ставаме сите состојки, мешаме.