Ванилици со ореви
Состојки
- 200 гр маргарин
- 2 јајца
- 1 ванила
- 200 гр шеќер во прав
- 150 гр мелени ореви
- 400 гр брашно
- мармалад по желба(кајсија, јагоди, сливи...)
Подготовка
1. Во сад се става омекнатиот маргарин, јајцата и ванилата и се мати со миксер. Постепено се додава шеќерот ,брашното и оревите. Се меси убаво да се добие еднолична смеса која може да се сука.
2. Се побрашнува подлогата со брашно и се сука кора со дебелина од 1 см и се сечат кругови. Се ставаат во тава и се печат на 200С -15мин.
Кога ќе оладат се лепат по две со мармалад.