Парен кокос колач
Состојки
- 4 јајца
- 12 лажици шеќер
- 12 лажици гриз
- 12 лажици млеко
- 12 лажици зејтин
- 1 пакување пециво
- 100 гр јадро сецкани ореви
- 100 гр кокос
- 7 лажици брашно
- Прелив
- 3 лажици несквик
- 4 филџанчиња вода
- 3 филџанчиња шеќер
Подготовка
Тортата е стар рецепт од тефтерот на мајка ми.
1. Во сад ги матиме јајцата со шеќерот. Ги додаваме млекото и зејтинот, а потоа гризот, брашното, кокосот и сецканите ореви. Додаваме и паковка пециво. Подготвената смеса е спремна за печење.
2. Тавчето го намрсив па му додадов една лажица брашно.
Во него ја истурив готовата смеса и ставив да се пече во загреана рерна. Откако ќе се испече ја пресеков на коцки.
3. Во сад на оган ставив шеќер, несквик и вода. Оставив да зоврие. Тоа беше преливот. Го подготвив преливот па ја попарив тортата. Колачот ладен, шербетот топол. Површината ја попрскав со кокос.
Оставив да излади па служев со парчиња лимон.
Нека ви е слатко.
Забелешка
Мерката е филџанче за кафе мало. Но да не се побуните измерив колку испаѓа во мл. Моето филџанче беше 150 мл вода. Со истото мерев и шеќер.