Пециво со праз
Состојки
- За тесто
- чаша = 200 мл.
- 2 чаши млеко (на собна температура)
- 1 чаша масло
- 40 гр. свеж квасец
- 1 лажица шеќер
- 1 кафена лажичка сол
- 2 белки
- 5 - 6 чаши брашно
- Фил
- 3 страка праз
- 1 лажица сол
- 5 лажици масло
- 1 јајце
- по потреба маргарин за премачкување на коричките
- 2 жолчки за премачкување одозгора
- по потреба сусам
Подготовка
1. Во подлабок сад го ставаме млекото, маслото, квасецот (издробен), белките, солта, шеќерот, матиме со жица.
2. Постепено го додаваме брашното (просеано), месиме дотурајќи брашно додека да добиеме нелепливо тесто. Тестото го премачкуваме со малку масло, го покриваме со фолија и оставаме да кисне околу 40 минути.
3. Празот го миеме, чистиме, сечкаме, му ставаме сол и масло да отстои така.
4. Стасаното тесто го делиме на 4 дела, првиот дел го размесуваме малку и со оклагија формираме правоаголник, премачкуваме со маргарин.
5. Во отстоениот праз го ставаме јајцето и го соединуваме, треба да планираме да имаме фил за 4-те корички.
6. На правоаголната кора на едниот подолг крај ставаме од филот, а од другата страна засекуваме надолу лентички но не до работ, виткаме од страната со филот кон другата страна како гасеница. Постапката ја повторуваме со другите 3 теста.
7. Пецивата ги ставаме во намрсена тава, премачкуваме со жолчките, наросуваме сусам, ги оставаме да киснат додека да се загрее рерната на 200 степени.
Печеме околу 25 минути.
(509)