Компир салата со праз, маслинки и сланина
Состојки
- Состојки
- 700 гр компири
- 2 страка праз(30 см)
- 10 црни маслинки
- 100 гр чадена сланина
- Состојки за прелив
- 1 лажица сенф
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици јаболков оцет
- 1 лажичка сол
Подготовка
Едноставна и вкусна салата.
1. Измиените компири ги ставаме да се варат. Откако се варени се тргаат на страна да оладат. Се лупат и се сечат на парчиња во еден сад.
2. Сланината, исечена на мали парчиња, се става на тава да се запржи додека да порумени. И таа треба да е оладена, па се додава кон компирите.
3. Празот исчистен и измиен се сече на тркалца. Маслинките се сечат на мали парчиња. Празот и маслинките се додаваат кон компирите.
4. Во еден мал сад се додаваат сите состојки за преливот- сенф, сол, маслиново масло и јаболков оцет, се заедно се меша со лажица и со ова ја преливаме салатата.
На здравје,