Испечати

Гравче-тавче со праз и сланина

Гравче-тавче со праз и сланина

Состојки

  • 1 чаша од 250 мл грав
  • вода, сол, бибер, зачин
  • 1 страк праз
  • 200гр чадена сланина
  • запршка
  • 2-3 лажици масло, 1 лажица црвен пипер
  • сува пиперка

Подготовка

Вистински, зимски ручек.
Пробајте го

1. Во тенџере на оган го ставаме гравот, со зачини на тивко да се свари. Кога е готов ставаме запршка од масло и црвен пипер. Гравот го истураме во земјена тава.

2. Во друга тава на оган ги запржуваме парчињата сланина. Ги тргаме на страна. Во маснотијата која ја пушти сланината го пржиме сецканиот праз. Врз гравот во тавата го истураме испржениот праз, ги редиме парчињата сланина.

3. Тавата ја ставаме во рерна и крчкаме околу 30 минути, да се запече. Сервираме вкусен ручек со топло лепче

По желба може да се стави и лута везена пиперка или малку буковец.