Салата со пченка и сусам
Состојки
- 500 гр замрзната пченка
- 50 гр сусам
- 250 гр крем сирење
- 200 гр кисела павлака
- сол по вкус
- 1 мала конзерва грашок
Подготовка
1. Се вари пченката кратко. Сусамот се пропржува без масло. Кога ќе олади пченката и сусамот се мешаат со крем сирењето и павлаката .На крајот се додава грашокот и се посолува по вкус.
ПС. Може да не се додава грашокот во оваа салата. Може да биде само со сусам и пченка. Или пак да се додаде и по 2 лажици мајонез. Јас ја направив како што е напишан рецептот.