Испечати

Салата од цвекло

Салата од цвекло

Состојки

  • 400 гр. цвекло
  • 400 гр. кисела павлака
  • 500 гр. пилешки стек
  • 2 лажици мајонез
  • 50 гр. сусам
  • по потреба сол
  • по потреба црн пипер

Подготовка

1. Цвеклото се пече и се ренда изладено на најситната страна од рендето.

2. Сусамот се запечува во тава на оган неколку секунди и се трга од оган.

3. Пилешкиот стек се вари со малку сол, се изцедува од водата и се сецка изладен на ситно.

4. Сите состојки се мешаат заедно и се служи декорирана со маслинки.