Испечати

Солен ролат со крем сирење и чајна

Солен ролат со крем сирење и чајна

Состојки

  • 3 јајца
  • 1 чаша јогурт
  • 1 чаша брашно
  • 1 кафена лажица сол
  • 1/2 кафена лажица пециво
  • 100 гр крем сирење
  • 100 гр чајна
  • чаша= 150 мл

Подготовка

Брз, превкусен солен ролат

Подготовка

1. Во длабок сад изматете ги јајцата со јогуртот, брашното и пецивото. Смесата ставете ја во тава за печење и печете на 180 степени околу 15 мин. Добиената кора ставете ја во мокра крпа и замотајте. Нека одмори 10 мин

2. Потоа тргнете ја крпата, премачкајте од крем сирењето, наредете листови чајна и замотајте ролат.

Декорирајте по желба

На здравје