Мафини со лимон
Состојки
- 300 гр брашно
- 2 јајца
- 150 гр шеќер
- 100 мл масло
- 2 лимони
- 1 кесичка ванилин шеќер
Подготовка
Највеќе го сакам мирисот на лимот во овие ладни денови, кога сите гледаме да седиме покрај каминот и да се топлиме. Брзи лесни и вкусни мафини, кои сите ги сакаат а со чајче се совршена комбинација.
1. Во сад ги ставаме шеќерот и јајцата и матиме додека не добиеме пенаста смеса, па потоа ги додаваме и другите состојќи- брашното, маслото, ванилиниот шеќер и исто така рендаме кора од лимоните како и исцедениот сок.
2. Го полниме калапчето за мафини и печеме на 200 степени околу 20на минути.