Бомбици од младо сирење, праз, сусам, шунка
Состојки
- 250 гр младо сирење
- 1 лажица кисела павлака
- 1 лажица тостиран сусам
- 100 гр свинска шунка
- 2 кисели краставички
- 1/2 лажиче триена сол
- бибер и сол
- 1/3 страк сецкан праз
- сусам и буковец за валкање на бомбиците
Подготовка
1. Во еден сад го ставаме младото сирење, додаваме кисела павлака, тостиран сусам, сецкана кисела краставичка, сецкана шунка, ситно сецкан праз. Додаваме сол по потреба, бибер, триена сол. Убаво со лажица ја соединуваме цела смеса.
2. Оставаме во фрижидер да се излади. Сега со дланките формираме бомбици. Половина јас ги извалкав во тостиран сусам, а половина во лут буковец.
Прекрасно, ладно предјадење, послужено со аперитив
На здравје