Гријаж обланда
Состојки
- Гријаж
- 250 гр шеќер
- Фил
- 8 жолчки
- 8 лажици шеќер
- 250 гр маргарин
- 350 гр крупо сечкани ореви
- 2 листа обланда
Подготовка
1. Жолчките и шеќерот се матат кратко. Потоа се варат на пареа околу 15 мин и се додава маргаринот. Заедно се варат со постојано мешање. Готов е филот кога ќе се двои од ѕидот на садот додека мешаме.
2. Половина од оревите ги сечкаме. Остатокот ги редиме на хартија за печење. Шеќерот го топиме на тивко. Кога ќе е готов растопен веднаш со него ги преливаме оревите кои се на хартијата (кога ќе се соединат шеќерот и оревите подобро се мелат). Оладениот карамел го мелеме и ги мешаме со филот.
3. Ги филоваме обландите(може да се дозира висината на колачот, не мора да се прекрие целата обланда.Се стврднува се лади и се сечи на косо.