Колач со рогач
Состојки
- 3 јајца
- 3 големи рендани јаболка
- 100 гр рогач
- 3 лажици какао
- 1 пециво
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици мед
- 40 гр мелени ореви
- 150 мл млеко
- 125 гр гриз
- прелив
- 200 мл млеко
- 1 1/2 лажица какао
Подготовка
За љубителите на рогач, еден брз и лесен колач без додаток на шеќер.
1. Јајцата ги матиме со миксер. Ги додаваме ренданите јаболка, рогачот, какаото, пецивото, кокосовото масло, медот, оревите и гризот. Мешаме со лажица.
2. Смесата ја ставаме во тавче бр. 28 претходно премачкано со малку кокосово масло. Печеме на 180 степени 30-40 минути зависно од рерната.
3. Колачот го оставаме да се лади.
4. Млекото го загреваме да биде млако, го додаваме какаото и мешаме да се раствори.
5. Колачот го сечеме на парчиња и го потураме со млекото со какао.