Наан со прашак за пециво
Состојки
- 280-300 гр брашно
- 1 лажиче пециво
- 1 лажиче сол
- 50 мл јогурт
- 120 мл вода
- Малку масло за премачкување при пржењето
- по желба во тестото додадете оригано или мајчина душичка
Подготовка
1. Од сите состојки замесете тесто, оставете го 30 минути покриено на собна температура да се одмори.
2. Пренесете го тестото на работната маса, ставете малку брашно, поделете го на 6 еднакви делови, кои ќе ги развлечите со големината на мала чинија, премачкајте ги со масло од двете страни и пржете во тава- по 1-2 минути на среден оган од двете страни.
Одлични се за подготовка на сендвичи