Испечати

Вртена пита со спанаќ

Вртена пита со спанаќ

Состојки

  • 250 гр кори за пита
  • Фил
  • 300 гр спанаќ
  • 1 јајце
  • 200 гр солена изварка
  • Прелив
  • 1 јајце
  • 1 чаша јогурт
  • 1/2 чаша масло

Подготовка

1. Спанаќот го миеме и го сецкаме на ситно. Во сад на оган кратко го динстаме со малку вода(еден филџан) додека испари течноста. Оставаме малку да олади па додаваме едно јајце и изварката и убаво мешеме. Доколку е солена изварката нема потреба од сол.

2. За преливот убаво ги мешаме сите состојки. Земаме кора и со четка ја премачкуваме со преливот и на едниот крај редиме од филот кој го распоредуваме по целата должина на кората. Виткаме ролна. Ја ставаме во тава за печење во форма на полжав и постапката ја повторуваме со останатите кори.
Одозгора питата ја премачкуваме со преливот.

Печеме во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

На здравје!