Топени сирења со сланина
Состојки
- ленти димена сланина
- 100 гр биено сирење
- 100 гр моцарела
- 100 гр бело кравјо сирење
- 100 гр кашкавал
Подготовка
Многу вкусно јадење, омилено дома.
1. Прво во керамички сад за печење ги редиме лентите сланина така што краевите да се надвор. Потоа редиме тенки ленти биено сирење, па парче моцарела. Редиме парчиња дробено бело кравјо сирење па кашкавал. Лентите сланина ги превиткуваме навнатре.
2. Печеме во загрена рерна на 200 степени околу 20 минути.
Се служи топло.
*од оваа мера јас наполнив два мали керамички садови.
На здравје!