Зимска лимонада
Состојки
- 4 шолји вода
- 2 лажици ѓумбир сецкан или рендан
- 5 лажици зелен чај
- 3-4 лажици мед
- 2 шолји чист сок од портокал
- 1/2 чаша сок од лимон
Подготовка
1. За почеток на овој убав напиток,ставете ја водата да зоврие. Тргнете ја на страна и додајте го зелениот чај и ѓумбирот. Нека отстои околу 5 минути,па прецедете ја течноста во бокал.
2. Додајте го свежо цедениот сок и медот. Промешајте.
Служете со коцки мраз во летниот период,а зимно време само така,како зимска лимонада.
На здравје