Испечати

Шортбред

Шортбред

Состојки

  • 300 гр. брашно
  • 200 гр. путер
  • 100 гр. шеќер
  • 5 гр. сол

Подготовка

Познатите шкотски колачиња овојпат во божиќно руво.

1. Ладниот путер и брашното додајте ги во миксер и мешајте неколку минути додека смесата не стане ронлива. Префрлете ја смесата на работната површина и додадете ги шеќерот и солта. Замесете тесто, замоткајте го во стреч фолија и ставете го во фрижидер да се лади пола час.

2. Изладеното тесто расукајте го помегу две хартии за печење околу 1 см во дебелина. Извадете форми и печете ги во загреана рерна на 180°С околу 15-20 минути или додека не заруменат.

Изладените колачиња декорирајте ги по желба.