Пралини
Состојки
- 100 гр бело чоколадо
- 2 лажици масло
- 70 гр тостирани, крупно сецкани лешници
- плава, прехрамбена боја
Подготовка
Брзи и вкусни пралини
1.Во еден сад ставаме вода да се загрее. Над него ставаме друг сад во кој ги ставаме кршеното бело чоколадо и маслото. Оставаме на тивок оган, и чекаме чоколадото да се растопи.
2.Тргаме од оган и додаваме плава боја. Промешуваме и додаваме лешници.
3.Топлата смеса ја нанесуваме во мали силиконски калапчиња. Оставаме на ладно да се стегнат, па ги вадиме пралините од калапот и ги послужуваме.