Нудли со зеленчук и соја сос
Состојки
- 4 пакетчиња нудли
- 2 црвени пиперки
- 2 зелени пиперки
- 1 тиквица
- 2 моркова
- 100 гр печурки (јас користев сушени)
- 150 гр кикирики
- по вкус соја сос
- по вкус сол, бибер и масло за готвење
- по вкус чили пиперка
Подготовка
1. Најпрво пиперките и тиквицата се сецкаат на тенки крукчиња додека останатиот зеленчук се сече на тенки ленти. Целиот зеленчук се пропржува 15 мин. со малку масло за готвење, на многу висока температура со постојано мешање. Во посебна тава кратко се пропржуваат кикириките.
2. Во зовриена вода се ставаат нудлите и се варат окулу 3 мин. Кога ќе се сварат им се цеди водата и се мешаат заедно со зеленчукот и кикириките. Се зачинува со сол, бибер и се додава соја сос.
Многу вкусен и брз ручек.
Наздравје.