Испечати

Баклава со чоколадо и ореви

Баклава со чоколадо и ореви

Состојки

  • 500 гр кори за баклава
  • 250 гр сецкани ореви
  • 300 гр сецкано чоколадо
  • 250 гр стопен маргарин
  • за шербет
  • 900 гр шеќер
  • 600 мл вода
  • 2 ванили

Подготовка

1. Се земаат по 3 кори, се превиткуваат на половина и на едниот крај се става од оревите и чоколадото и се витка во ролат. Истата постапка се повторува со сите кори, ќе излезат околу 7-8 ролати.

2. Ролатите се сечат на парчиња со остар нож и се потураат со 250 гр стопен маргарин. Се пече на 180 степени 40тина минути или додека не порумени. Се остава убаво да се излади.

3. Се става шеќерот и водата со ванилата на оган да зовријат. Откако ќе зовријат се остава 3-4 мин да врие, се трга настрана 2-3 мин да подизлади и се потурува ладната баклава. Се остава убаво да го впие шербетот