Тостерки
Состојки
- 2 јајца
- 100 гр шеќер
- 150 мл масло
- 100 мл млеко
- 1 ванила
- 1 пециво
- 400-500 гр брашно
Подготовка
Се матат јајцето со маталка заедно со шеќерот и ванилата, се додаваат течните состојки и на крај брашното и пециво. Се прават топчиња со големина колку орев и се ставаат на загреан и намрсен тостер и се печат по неколку минути додека не поруменат. Одлични се со мед или мармалад.