Испечати

Намаз со мексиканска зеленчукова мешавина, наут и маслинки

Намаз со мексиканска зеленчукова мешавина, наут и маслинки

Состојки

  • 200 гр мексиканска зеленчукова мешавина
  • 50 гр маслинки
  • 2 лажици маслиново масло
  • 50 гр наут од конзерва
  • по вкус црн бибер и сол

Подготовка

Подготовка

1. Мексиканската мешавина варете ја околу 20 мин, потоа изблендирајте ја заедно со наутот и маслинките. Додадете маслиново масло, сол и црн бибер. Промешајте.

2. Намазот соберете го во тегличка и ставете го во фрижидер.
Во фрижидер може да стои неколку дена.

На здравје