Пури пити со наут и јајце(со готови кори)
Состојки
- 350 гр триаголник кори
- за премачкување
- 1 јајце
- 100 мл газирана вода
- 50 мл масло
- 2 лажици брашно
- 1 пециво
- за фил
- 240 гр наут од конзерва
- 2 јајца
- сол по потреба
Подготовка
Подготовка
1. Подгответе ја смесата за премачкување. Во еден сад ставете ги јајцето, газираната вода, маслото, брашното и пецивото. Промешајте убаво. Оваа смеса е за премачкување.
2. Подгответе го филот. Наутот изблендирајте го и измешајте го со јајцето.
3. За една пура пита земајте по 2 кори. Премачкајте ги со смесата, ставете од филот и замотајте. Одозгора пак премачкајте ги со смесата за премачкување.
Наредете ги во тава за печење и печете на 200 степени околу 20 мин
На здравје