Солени празнични елки
Состојки
- 100 гр солени крекери
- 50 гр чајна
- 3 јајца
- 5 зденки
- 100 гр мајонез
- 2 чешниња лук
Подготовка
1. Јајцата сварете ги и излупете ги. Изрендајте на ситно ренде. Додајте во нив зденки, рендан лук, мајонез, сол, црн пипер. Смесата убаво промешајте со вилушка(мајонез гледајте да не ставите многу да не биде течна смесата)
2. Земете крекер, врз него ставете чајна, со рака земете од смесата и формирајте триаголник во вид на елка. Така направете од целата смеса.
3. Магдоносот ситно исечете го. Елките украсете ги со магдонос, а од варениот морков направете мали топчиња како украси за елката.
Ова смеса можете да ја користите и како намаз.
Добар апетит!