Салата со кус кус и црвена леќа
Состојки
- 6 лажици кус кус
- 6 лажици леќа
- 1 парче фета сирење
- 100 гр маслинки
- 1 голем црвен домат
- 1/2 парче краставица
- 1 главица мал црвен кромид
- 1 гранче магдонос
Подготовка
1. Сварете ја леќата, или конзумирајте готова од лименки. Јас пробав со црвена леќа, но и со обична. Мека е многу црвената леќа. Затоа ако се одлучите за црвената леќа, тогаш не ја варете, само зовријте ја.
2. Кус кусот попарете го со посолена вода и оставете да набабри.
3. Сирењето исецкајте го на коцки онолку колку мислите дека ви е убаво. Јас сецкав се на ситно.
Краставицата, црвениот домат и кромидот ги исецкав на мали коцкички, а магдоновчето го исцепкав со рака. Ги нафрлив маслинките.
4. Кога се набабри кус кусот, го помешав со леќата, а потоа благо го соединив со зеленчукот.
Зачинив со маслиново масло и сол.
Нека ви е на здравје.