Тирамису
Состојки
- 1 пакување (26 бр) пишкоти
- 1 пакување пудинг (ванила)
- според упатството млеко(за пудингот)
- 250 мл слатка павлака- хопла
- За потопување на пишкотите
- околу 100 мл млеко
- 1 мл инастант кафе
- 1 мл екстракт од рум
Подготовка
Тирамису е еден од десертите на кои ретко кој може да им одолее, посебно заради специфичниот вкус и неговата едноставност. Меѓу повеќето опции, пробајте го и овој начин на припрема... Превкусно е.
1. Најпрво го вариме пудингот според упатството. Оставаме да се излади. Потоа ја матиме слатката павлака. Соединуваме со изладениот пудинг.
2. Редиме пишкоти (пола од паковањето) кои ги натопуваме во млакото млеко во кое сме додале екстракт од рум и инстант кафе. Ги премачкуваме со пола од филот. Пак редиме еден ред пишкоти - натопени во млекото.
3. Завршуваме со декорација со помош на шприц. Наросуваме чоколадо во прав со помош на цедалче.
На здравје!