Празничен десерт во чаша, со вишни(посно)
Состојки
- Кора- за подготовка на кората користев чаша од јогурт, односно од 180 мл
- 2 чаши брашно
- 1 не многу полна чаша шеќер
- 3/4 чаша масло
- 3/4 чаша газиран сок, било каков
- 4 лажици мармалад од кајсии
- 1 лажиче сода бикарбона
- 1/4 лажиче пециво
- сок од вишни, за покапување на круговите
- вишна крем
- 600 мл течност од одмрзнати вишни и капини беше кај мене, или може да се користи бистар сок од вишни, шумско овошје...
- 5-6 лажици шеќер
- 2 пудинг од шумско овошје
- 500 гр одмрзнати вишни
- сецкан орев, ливчиња нанае за декорација
Подготовка
Превкусен, освежителен, вкусен десерт.
1. Во сад со помош на жица за матење, ги соединуваме сите состојки за тестото. Тестото го истураме во правоаголна тава за печење, 25-35 цм, која е танко премачкана и посипана со брашно.
Печеме околу 25 минути на 180 с. Испеченаат кора ја оставаме да се олади.
2. Потоа со алатка- круг од неа сечеме 14-16 кругови.
3. Сега земаме 8 чаши. На дното на секоја чаша ставаме по 1 кругче од тестото. По малку ги попрскуваме со сок од вишни.
4. Сега во тенџере ја ставаме течноста од одмрзнати вишни и капини (ова го користев јас, вие може да користите густи сок од вишни, шумско овошје). Додаваме шеќер и прашок за пудинг. Соединуваме убаво.
Вариме на тивок оган. Кога до пола е готово ги додаваме измиксаните вишни. Јас ги измиксав во Нутрибулет Вариме до крај, ќе добиеме сјајен и убав крем.
5. Нанесуваме во секоја чаша од малку подизладениот крем. Пак покриваме со кругче тесто и капнуваме неколку капки сок од вишни.
Повторно покриваме со кремот.
Некои ги декорираме со орев, со ливчиња нане... Оставаме десертот да одстои барем 1 час, па послужуваме. Јас правев од половина колична на состојки.
ПС. Остатоците кои остануваат од кората може да се искористат за правење бомбици, па да им се додаде малку сок од портокал, мелен орев, чоколадо...