Штрудла со јаболка и ореви (посно)
Состојки
- 500 гр. тенки кори
- 4 зелени јаболка (изрендани)
- сок од 1/2 лимон
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици шеќер кристал
- 1/2 чаша сечкани ореви
- 2 лажици гриз
- 1 лажиче цимет
- 1/2 чаша масло
- 1/2 чаша кисела вода
- по вкус шеќер во прав
Подготовка
Одлична штрудла со јаболка, погодна за посна бадникова трпеза, но и за секоја друга прилика по желба.
1. Јаболката се лупат, се рендаат, се полеваат со лимоновиот сок за да не потемнат и се мешаат. Во јаболката се додава ванилиниот и шеќерот кристал, циметот, гризот, оревите и се тоа заедно се меша.
2. Маслото и киселата вода се мешаат заедно, се зема 1 кора која се попрскува со течноста со силиконско четче, врз неа се става втора кора, се прска со течноста, се става трета кора, пак се попрскува со течноста, и на потесната страна се става од смесата со јаболка, се витка ролат и се става во намрсена тава.
3. Постапката се повторува со останатите кори, сите ролати се премачкуваат со остатокот од смесата со масло и кисела вода (ако не ви стигне може малку да направите од око), ролатите се сечат и се ставаат да се печат на 200 степени околу 30 минути, ако е потребно уште малку време додека да поруменат.
4. Штом ќе изладат ролатите се посипуваат со шеќер во прав.
Среќни празници
(503)