Пилешка салата со кикиритки
Состојки
- 1 парче пилешко бело месо
- 2 сварени јајца
- 6-7 корнишони
- 200 гр пржени кикиритки
- 100 гр кашкавал
- 300 гр мајонез
- црни маслинки и чипс за декорација
- 2-3 моркови за декорација
Подготовка
1. Месото сварете го во малку посолена вода. Исечкајте го и додајте ги сварените јајца, исто така исечкани. Кикиритките кратко изблендирајте ги и додајте ги во месото. Краставичките и кашкавалот исечкајте ги и додајте ги.
2. Измешајте и ставете го мајонезот. Промешајте и ставете ја салатата во сад кој ќе се наполни до горе.
Одозгора нарендајте ги сварените моркови и врз нив наредете ги црните маслинки.
Украсете по краевите со чипс.