Свечена торта
Состојки
- 4 јајца
- 200 гр шеќер
- 12 лажици врела вода
- 200 гр брашно
- 1 пециво
- 250 гр мелени ореви
- 2 лажици какао
- Крем
- 850 мл млеко
- 13 лажици шеќер
- 2 пудинг од ванила
- 2 лажици нишесте
- 200 гр шеќер
- 250 гр маргарин
- 300 гр мелени ореви
- 100 гр бело чоколадо
Подготовка
Ова се состојки за една доза од тортатат која е шнит. Јас ја зголемив дозата направив дупла мера од кремот а пандишпанот го направив со 12 јајца.
1. Се матат јајцата заедно со шеќерот. Постепено се додава врелата вода и пак се мати со миксер. Се додава брашното заедно со пецивото и мелените ореви. На крајот се додава какаото. Се пече во тава. плех од рерна на 200С 25мин. Се оладува кората и се попрскува со млеко.
2. Крем- се топи шеќерот на тивок оган. Кога ќе се стопи се додава млекото и се остава да врие додека се стопи карамелот од шеќер. Во него се вари пудингот и се остава да олади.Се миксира настрана маргаринот заедно со шеќерот до крем смеса. Потоа се соединуваат двете состојки и на крајот се додава белото чоколадо и мелените ореви.
3. Се филува кора- крем па кора- крем па кора. Најгоре доага фондан и украс. Најгоре ставив торта касато и обликував книга. Тортата е многу вкусна.
Наздравје!!!