Испечати

Розен колач

Розен колач

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 150 гр црно чоколадо
  • 200 гр плазма бисквити
  • 250 гр мелени ореви
  • кора од лимон и 1 ванила
  • Глазура
  • 100 гр црно чоколадо
  • 2 лажици масло
  • 1 пакување розен кори
  • 400 гр шеќер
  • 300 мл вода

Подготовка

1. Шеќерот и водата се ставаат во сад да зовријат и се вари 5мин. Се трга настрана и се додава 250 гр маргарин се меша додека се стопи.

2. Кога малку ќе олади се додаваат останатите состојки и се меша со лажица. Додека е млак филот се филуваат корите. На последната кора се става чоколада или ако остане од филот се премачкува фил и се става мелени ореви.