Испечати

Торта за тато

Торта за тато

Состојки

  • 1 пакетче мали кори за торта(со две кори)
  • 400 гр еурокрем
  • 400 гр кисела павлака
  • 150 гр чоколадирани наполитанки
  • 200 гр желе со вкус на портокал
  • 100 гр чоколадо
  • 1 лажица маргарин
  • 3 лажици шеќер + пола чаша вода

Подготовка

Тортата е креирана со голема љубов за роденденот на мојот татко. Се мислев како да ја наречам и освен Торта за тато ништо не ми идеше, па така, оваа торта го доби ова име , а како испадна неверојатно вкусна, би требало и гордо да го носи, затоа што добар дел татковци го заслужуваат тоа, како што го заслужува мојот. Па, нека е и за сите сакани татковци овој рецепт.

1. Рачно се соединуваат кремот со павлаката. Малку по малку од пола се трга на страна и во останатото се додаваат дробени наполитанките. Се се меша убаво да се соедини.

2. Шеќерот и водата ги загреваме со мешање само колку да се стопи, да не е жешко и со него попрскуваме врз готовите кори.

3. Едната ја ставаме на рамна чинија и ја премачкуваме со желето од портокал, па врз него филот со наполитанки. Потоа ја ставаме другата кора. Одозгора цела торта ја премачкуваме со филот кој претходно го тргнавме на страна и ја оставаме во фружидер да се стегне.

Откако ќе се стегне убаво тортата, во средината во круг ја премачкуваме со остатокот од портокал желето, а останатиот дел до рабовите го преливаме со стопеното чоколадо и маргарин.