Испечати

Салата со сирење, сусам и ореви

Салата со сирење, сусам и ореви

Состојки

  • 200 гр крем сирење
  • 100 гр биено сирење
  • 100 гр кашкавал
  • 50 гр печен сусам
  • 100 гр ореви
  • 1 лажица лут ајвар

Подготовка

Брзо, вкусно, декоративно...

1. Сирењата изрендајте ги и додајте ги во крем сирењето. Додајте го и ајварот.

2. Сусамот потпечете го на сува тава и додајте го во сирењето.

3. Формирајте ја салатата (јас ја направив во форма на ананас, може не многу успешно хаха) и одозгора наредете ги потпечените јатки ореви.

На здравје!