Испечати

Салата со макарони и туна

Салата со макарони и туна

Состојки

  • 250 гр макарони
  • 1 голема конзерва туна во парчиња
  • 2 јајца
  • 1 поголема црвена пиперка од туршија
  • 100 гр кашкавал
  • 2-3 лажици тартар мајонез
  • по вкус сол, црн бибер и лук во прав

Подготовка

Сварете ги макароните и јајцата.
За тоа време исечкајте ја пиперката и кашкавалот, а покасно и варените јајца.
Измешајте се, при што на крај го додавате тартар мајонезот, посолувате, побиберувате и дотерувате на вкус со лукот во прав.