Испечати

Ситни колачи со кикиритки и бело чоколадо

Ситни колачи со кикиритки и бело чоколадо

Состојки

  • 150 гр печени несолени кикиритки
  • 100 гр мелени пишкоти
  • 150 гр бело чоколадо
  • 50 гр путер
  • сок од 1 портокал

Подготовка

Подготовка

1. Во сад измешајте ги сецканите печени, несолени кикиритки и мелените пишкоти.

2. Чоколадото и путерот растопете ги во сад на пареа, па додадете ги во садот со кикиритките и пишкотите. Промешајте и оставете ја смесата малку да излади а потоа додадете го и сокот од портокал. пак промешајте добро и полнете ги калапчињата.

Колачите ставете ги во замрзнувач околу 2 часа.

Декорирајте по желба

На здравје