Путер кекси(декорација)
Состојки
- 200 гр путер
- 300 гр брашно
- 140 гр шеќер во прав
- 2 белки
- 1 пакување бонитоп(шарени бомбончиња за декорација)
- 100 гр темна чоколада за декорација
- 50 гр бела чоколада
Подготовка
Нека овие колачиња бидат само идеја. Можам да пишам рецепти,зашто овие сплоснати колачиња имаат иљадници рецепти. Ќе го напишам едноставниот/ основниот рецепт.
1. Замесете ги состојките, оставете да излади да стегне тестото и формирајте форми во вид на круг.Ј ас сечев со чаша.
2. Печените кругови декорирајте ги со растопено темно чоколадо. Направете линии во вид на рогови и очиња. На устето ставете им капка бело чоколадо па залепете по едно бомбонче.
Оставете да се стврдне, па завиткајте го секое колаче поединечно во фолија. Израдувајте ги најмалите.
Среќни празници.