Зеленчукова чорба со морков, карфиол и пашканат
Состојки
- 3 моркови
- 2 компири
- 1 малечка главица кромид
- 3-4 гранчиња карфиол
- 1 парче пашканат
- 1 коцка супа
Подготовка
Брза и превкусна зеленчува чорба која се прави навистина лесно.
Сите зеленчуци добро исецкајте ги и ставете ги да се варат во тенџере на оган додека не омекнат убаво. Во друго тенџере ја вариме коцката супа, и пред да почне да врие ги додаваме парчињата зеленчук. Откако убаво ќе се сварат само блендираме со рачен блендер да добиеме убава хомогена чорба.
Јас ја искомбинирав со крекери.